Тачи ќе биде запишан на списокот за осомничени за воени злосторства?

На списокот на осомничените за воени злосторства може да се најде и косовскиот премиер Хашим Тачи, како и повеќе официјални лица од неговата Демократска партија на Косово. На овој список кој го процесуира специјалниот суд за воени злосторства ќе има околу 130 лица, пишува приштинскиот „Вота прес“.

Врз основа на извештајот на Дик Марти, весникот наведува дека покрај Тачи, постои можност помеѓу осомничените да се најде и Адем Грабовци, шеф на парламентарната група на ДПК, како и пратеникот на ДПК, Саип Муја.

Можно е да бидат осомничени и пратеникот на ДПК Џавит Халити, кој што е актуелен заменик на претседателот на Парламентот на Косово и пратеникот Латиф Гаши.

Весникот пишува дека нема да бидат поштедени ниту останатите политички партии, па така од редовите на Самоопределување може да се најде пратеникот Реџеп Селими.

13.04.2014 - 09:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега