Уставот на Крим стапи во сила

 

 

Уставот на Крим, кој вчера едногласно беше усвоен од кримскиот Државен совет, денеска стапи во сила, јави ИТАР ТАСС.

- Уставот е објавен во весникот „Кримские известија“ и од денеска стапи во законска сила, соопшти Државниот совет.

Според претседателот на советот Владимир Константинов, со Уставот Крим станал рамноправен субјект на Руската федерација.

12.04.2014 - 11:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега