ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО: Отишол во болница со црна дупка на слепоочницата!

 

55-годишен австралијанец со цел да ги излекува лезиите на кожата предизвикани од рак на кожа почнал да употребува алтернативна медицина во облик на црна маст. Во болницата во Бризбејн влегол со 2,5 сантиметри голема дупка на слепоочницата, а на лекарите им кажал дека употребувал т.н. црна маст.

Тој медицинска помош побарал во септември во 2013-та година, но австралиското медицинско списание Medical Journal Of Australia ја објавило статијата за неговиот случај неодамна. Таа маст во себе ја содржи билката крвав корен (Sanguinarina canadensis) кој обично се меша со цинк хлорид и двете во комбинација имаат корозивно дејство, пренесува Daily Mail.

Оваа маст се употребува за лекување на младежи и лузни, а понекогаш и рак на кожата, делува на тој начин што го уништува кожното ткиво оставајќи црн белег кој подоцна отпаѓа сам од себе

11.04.2014 - 15:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега