Кои скопски населби денеска ќе бидат без струја?

Корисниците од улицата „Првомајска“ и бензинската пумпа „Марија Трејд“ денеска од 8 до 9 часот ќе бидат без електрична енергија.

Од 8:30 до 14 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Ѓорѓи Скрижевски“, а од 9 до 15 часот корисниците од улицата „23“ во селото Волково.

Во периодот од 8 до 16 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „6“ во Сарај, а од 9:30 до 10:30 часот дел од корисниците од селото Ржаничино.

Без струја од 8 до 11 часот ќе бидат корисниците од улицата „Орце Николов“ бр. 25, а од 8:30 до 11 часот корисниците од улицата „31“ во селото Сопиште.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекините во напојувањето со електрична енергија се поради изведување планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа на ЕВН Македонија АД.

Без водоснабдување денеска од 9.30 часот ќе останат корисниците лоцирани на улицата „Костурски Херои“, на потегот од булеварот „Партизански Одреди“ до улицата „Дебарца“.

 

Прекинот е поради изведување водоводен приклучок на улицата „Костурски Херои“ бб, информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје. Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот.

11.04.2014 - 09:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега