Внимавајте: Полицијата демне - летаат казни за непослушни возачи
Полицијата демне на скопските улици. Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 26 возачи коишто не го носеле заштитниот шлем за време на управување на велосипедите со помошен мотор, со мопеди и со мотоцикли и истите се повикани на сообраќајна поука, четворица возачи кои ги управувале своите возила по истекот на важноста на сообраќајната дозвола и тројца возачи кои ги управувале своите возила без возачка дозвола.
Се случиле и 11 сообраќајни незгоди во кои со повреди се здобиле 5 лица.
09.04.2014 - 09:23
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа