„Бетон“ подарува 5.000 книги на библиотеки низ Македонија
Градежната компанија Бетон од Скопје по повод денот на просветителите Светите Кирил и Методиј ќе подари 5.000 книги на градските библиотеки во Штип и Охрид и во библиотеката на гимназијата „Јосип Броз Тито" од Скопје, информираат од Матица.
Колекцијата се состои од лектирни изданија, поетски, прозни, драмски, критичко-есеистички, публицистички, научни дела од македонски автори, дела од областа на богатото културно наследство на Македонија, монографски изданија за Скопје, Битола, Охрид, Крушево, за македонските манастири, резби, икони и фрески.
-Ова е редок пример кога едно општествено одговорна компанија покажува грижа за збогатување на библиотечниот фонд во нашата држава, стои во соопштението од Матица македонска.