Милошоски денеска во Кичево
Носителот на кандидатската листа за пратеници на Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ во петтата изборна единица Антонио Милошоски, денеска оди во Кичево.
Милошоски ќе се сретне со жителите на с. Вранештица, додека во 13:30 ќе се упати на прошетка низ централното подрачје на Кичево каде заедно со Благоја Деспотоски и Ѓорѓија Сајкоски ќе имаат можност да поразговараат со граѓаните на овој град, а потоа во 15:30 ќе оствари средба со граѓани во МК Раштански пат.
Во 17 часот и 15 минути ќе се сретне и со жителите на с. Другово.
08.04.2014 - 11:58
Фото:
макденес
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа