Честитка од Вељановски по повод Денот на Ромите

 

 

Собранискиот спикер Трајко Вељановски упати честитка по повод 8 април-Меѓународниот ден на Ромите.

 По повод 8 Април - Меѓународниот ден на Ромите, од свое лично име и од името на Собранието на Република Македонија упатувам искрени честитки до припадниците на ромската етничка заедница во Република Македонија.

           Република Македонија посветено работи на подобрувањето на социо-економскиот статус и општествената вклученост на Ромите. Одбележувањетона овој ден е продолжение на афирмацијата за поголема активност за интегрирање на ромската популација во сите сегменти на општествениот живот.Меѓусебното разбирање и почитување на традиционалните вредности и културните особености се дел од нашата држава и ромската заедница придонесува во градењето и унапредувањето на Република Македонија.

        Уверен сум дека определбата ни е заедничка, да продолжиме во градењето на европска и демократска Република Македонија во која се промовира недискри­минацијата и еднаквоста за сите граѓани.

           Нека ви е честит празникот.

08.04.2014 - 11:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега