Пијани "летале" со возилата на скопските улици - казни за несовесните возачи
Полицијата демне на скопските улици. Во текот на вчерашниот ден во кој се случиле 14 сообраќајни незгоди во кои со повреда се здобиле четири лица, полицијата казни инесовесни возачи кои направиле хаос на улиците.
Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени се и санкционирани двајца возачи на моторни возила кои ги управувале возилата под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, пет возачи кои ги управувале своите возила по истекот на важноста на сообраќајната дозвола и тројца возачи кои ги управувале своите возила без возачка дозвола.
Исто така, и со специјалното возило пајак биле отстранети шест возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа