Метеоролозите предупредуваат: Подгответе се за пеколно лето - во август ќе биде најтопло
Пеколно лето, високи температури и намални врнежи. Метеоролозите предупредуваат дека оваа година не очекуваат тропски температури, повисоки од оние во минатите сезони. Според нив, најтопло ќе биде во август.
- Се користат разни модели при подготвувањето на сезонските временски прогнози од повеќе светски метеоролошки центри. Според предвидувањата, околу 60 отсто е веројатноста дека ќе има натпросечно топло лето, а веројатноста за вообичаено лето е далеку помала. Но, имајќи ги предвид методите, не можеме со сигурност да кажеме кога и колкави топлински бранови ќе има затоа што во игра се повеќе глобални климатски фактори, како северноатлантските осцилации или феноменот Ел Нињо. Генерално, имајќи ги предвид климатските промени и општото затоплување на планетата, може да кажеме дека н` чека многу топло лето - вели за Дневник, Пеце Ристевски, климатолог во УХМР
Претходно на пеколно лето предупердија и климатолозите од Србија и Хрватска