Пијан младоженец си ја уништил венчавката- попот одбил да го изврши обредот

Австралискиот пејач Џејкоб Френсис Брукс, на сопствената венчавка дошол толку пијан што свештеникот одбил да го изврши обредот, во четвртокот на судот во Аделаида изразил надеж дека вереничката ќе му се врати и единствено жали што избрал „погрешен" поп.

„Многу ми недостига (поранешната вереничка)", изјавил 40-годишниот Брукс кој сега моли да му се врати, повторно да се вљуби во него и да се согласи да се омажи за него, пренесува порталот www.adelaidenow.com.au.

Откако свештеникот одбил да го изврши обредот на венчавање поради тешкото пијанство на Брукс, партнерката прекинала со Брукс кој тврди дека пред венчавката испил само пет пијачки и дека не бил пијан.

„Да, ноќта претходно имав момчешка вечер, ма ајде, па сите ние сме мажи", изјавил пејачот во четврток пред судот каде што одговарал за нарушување на јавниот ред и давање отпор на полицијата.

Свештеникот Иан Хантер кој одбил да го изврши обредот, за порталот Advertiser.com.au изјави дека тоа му била „најтешката одлука" во кариерата, но дека не жали што ја донел.

Меѓутоа жали Брукс зашто за свештеник го одбрал токму Хант, а жали и за 20-те илјади австралиски долари потрошени за организирањето на свеченоста на којашто биле поканети 120 гости, а којашто, секако, не се одржала.

05.04.2014 - 12:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа