По 33 години кариера Дејвид Летерман оди во пензија

Ѕвездата на „Late night show“, Дејвид Летерман ќе се пензионира следната година. 

Летерман го води шоуто „Late Show with David Letterman" последните 22 години од неговата кариера. Претходно беше 11 години домаќин на емсијата на NBC „Late Night". Во последната емисија на почетокот тој го повика претседателот на управниот одбор на телевизиската мрежа CBS, Лелси Мунвес за да му каже дека наредната година ќе оди во пензија.

„Само еден е Дејвид Летерман. Неговата големина никогаш нема да биде заборавена и ќе остане еден од најголемите во оваа работа", рекол Мунвес.

Публиката пак го поздрави водителот со громогласен аплауз.

04.04.2014 - 12:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега