Демолирал болница и тепал полицајци откако го фатиле со килограм марихуана - драма во Охрид

 

32 годишниот охриѓанец А.В. заработи кривична пријава за „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. 

Откако на 18ти овој месец, полицијата пронашла еден килограм марихуана во болничката соба на А.В.  во болницата „Св. Еразмо“, охриѓанецот не дозволувал полициските службеници да го лишат од слобода.  Тој почнал да им се заканува на полицајците, упатувајќи им и навредливи зборови. Во еден момент охриѓанецот се обидел и да избега од болницата, но, за среќа полициските службеници успеале да го запрат.

Тука не завршила драмата во „Св. Еразмо“. Откако полициските службеници го сместиле А.В. во болничката соба, бесниот охриѓанец почнал да го крши инвентарот и да ги удира полицајците. По неколку обиди на службениците да го скротат, охриѓанецот се смирил и побарал чаша вода. Тој ја земал чашата, ја скршил и повторно замавнал кон полицајците. Веднаш потоа, А.В. конечно бил целосно совладан.

А.В. и е веќе познат на полицијата. Против него веќе се поднесувани кривични пријави за сторени повеќе казнени дела, а за дел од нив бил и осудуван.

 

најчитано сега