Околу 40.000 руски војници на границата со Украина
На границата со Украина моментално се наоѓаат руските трупи, проценети на 40.000 луѓе, кои се способни да извршат наредба за напад во рок од 12 часа, изјави американскиот воздухопловен генерал Филип Бридлав, командант на сите НАТО сили во Европа.
Според него неточни се руските тврдења дека повлекува трупи од тоа подрачје, се уште нема очигледни знаци дека каков било позначаен број војници ја напуштаат граничната област.
Бридлав напомнува дека руските сили добро се опремени и способни да ги остварат руските воени цели во Украина и пошироко во текот на три до пет дена. Американскиот генерал рече дека руските сили се составени од авиони, хеликоптери, артилерија, пешадија и командоси.
Тој истакна дека министрите за надворешни работи на состанокот во Брисел од него побарале до 15 април да направи пакет мерки кои би го смириле НАТО сојузниците во Источна Европа и да ја зголеми нивната сила на копно, воздух и на море.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа