Се огласи силиконската кралица: Не сум проститутка

Тијана ги негира сите обвиненија дека за работа со проституција и тврди дека станува збор за недоразбирање.

Во вторникот Џуричиќ беше осудена на 40.000 динари поради проституција и додатни 10.000 динари поради лажната адреса. Кралицата на силиконите тврди дека не е проститутка.

- Пред неколку денови бев на снимање на емисијата Ами- Џи шоу. Таму бев ограбена, од ташна ми го зедоа паричникот во кој ми беа сите документи. Тоа може да го потврди екипата на шоуто. Полицијата ме фати следниот ден пред зградата а јас бев без документи, се посомневаа дека веќе подолго време сум без документи и ме уапсија. Родителите мораа да дојдат и да потврдат дека тоа навистина сум јас вели Тијана Џуричиќ.

Таа исто така демантираше дека платила парична казна од 40 илјади динари.

“Платив казна од 10 илјади динари бидејќи не сум пријавена на адресата на која живеам”- вели Тијана

На прашањето дали некогаш се занимавала со проституција Тијана одговорила дека никогаш не би се занимавала со нешто такво.

Да потсетиме, Тијана која е позната како силиконска кралица повеќе не е видејчи неодамна извади дел од силиконите.

03.04.2014 - 10:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега