Венизелос и Бан Ки Мун разговарале за спорот за името

 

Шефот на грчката дипломатија, Евангелос Венизелос, вчера во Брисел имал куса средба со генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун.

На средбата, Венизелос и Бан Ки Мун разговарале за прашањето за името на Македонија: - Со генералниот секретар на ОН кусо разговаравме за две главни прашања кои се однесуваат на нас: кипарското прашање се разбира, но и за иницијатива на Нимиц во врска со прашањето за името. Позициите на Грција се јасни и цврсти, и генералниот секретар го цени тоа, изјави Венизелос.

МИА јавува дека средбата меѓу шефот на грчката дипломатија и Бан Ки Мун се одржа на маргините на самитот ЕУ-Африка.

 

03.04.2014 - 09:19
Фото: 
Лидер.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега