Годинава ќе стартува реконструкцијата на пругата Битола-Кременица
Втората половина од годинава се очекува да започне реконструкцијата на пругата Битола-Кременица. Ова денеска го најави министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.
- Во текот на оваа година ќе започнат градежните работи. Постапката за надзор е објавена, целокупната тендерска документација за градежни работи е одобрена од страна на Европската делегација, очекуваме во текот на април да биде објавена. Периодот за пријавување на компаниите е 90 дена. Оваа година ќе случиме договори и ќе започнеме со градежните работи, изјави Јанакиески кој денеска ја посети општината Бутел.
Според министерот, изградбата на пругата е од големо значење за развој на регионот и за железничкото поврзување со Грција, како и за индустриската зона Жабени, а ќе не направи и попримамливи за домашните и странските инвеститори.
Постапката за надзор е објавена, а заинтерсираните компании треба да достават понуди до почетокот на април. Тендерска документација за градежните работи веќе е одобрена од делегацијата на Европската унија, а се работи за инвестиција од 20 милиони евра.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа