Груевски: Пендаровски да каже како ќе го реши проблемот со името

 

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, вечева од Гевгелија го повика кандидатот за претседател Стево Пендаровски да каже како планира да го реши прашањето за името на Македонија.

- Знаеме како неговиот ментор Бранко Црвенковски сакаше да го реши, а тој како советник веројатно се согласуваше со него, бидејќи не се огради од него и од тие изјави, а се спомнуваа различни одредници. Него го кандидира партијата и стои зад него, партија чиј претседател Зоран Заев јавно кажа дека треба да се свитка кичмата за името. Пендаровски се продава пред народот како човек кој ќе го реши, па би сакал да го слушнеме како ќе го реши, истакна Груевски.

Доколку го избегне тоа или ако возврати со навредии шеги, нагласи Груевски, ќе цениме дека тој стои зад позициите на партијата и неговиот ментор Бранко Црвенковски, за одредници и зад позициите за виткање на кичмата на Зоран Заев.

30.03.2014 - 23:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега