Десет бродови и 10 авиони трагаат по исчезнатиот малезиски авион

 

Десет бродови и десет авиони денеска продолжија да трагаат по исчезнатиот авион од кој нема ни трага веќе три недели.

Во текот на денот во потрагата ќе се вклучи и австралискиот воен брод „Оушн шијлд“, кој има американски локатор за црни кутии и подводен робот за пребарување.

- Потрагата по исчезнатиот авион може да трае со години. Во моментот се прабарува целиот Индиски Океан, поради што потрагата бавно се одвива, изјави американскиот капетан Марк Матјус од воената база „Старлинг“, која е одговорна за функционирање на американската техника на бродот  „Оушн шијлд“.

За потсетување, малезискиот авион исчезна со 239 патници на 8 март.

30.03.2014 - 13:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега