Ужас го потресе Балканот: Професор по математика мастурбирал пред малолетнички

Иако Математиката често знае да претставува ноќна мора да децата, она што им се случило на три девојчиња од Загреб, дефинитивно ќе им остави лузни до крајот на животот.

Според податоците на хрватските медиуми, една тинејџерка на 17-годишна возраст, и две девојчиња на 12-годишна возраст, преживеале вистински хорор откако наместо да добијат часови и инструкции за математика, биле принудени да го видат половиот орган на "професорот". Се работи за 60-годишниот Б.П. монструм од Загреб кој инаку предавал Математика во една гимназија, а долго време е невработен, поради што се одлучил да држи приватни часови. Но, наместо да го прави она за кое учениците му даваат пари, тој им приредил вистински ужас.

Ученичките обвинуваат дека тој повеќепати со нив водел разговор на тема секс, а откако девојчињата ќе ја решеле точно задачата, се соблекувал и почнувал да мастурбира. Често им покажувал и свои интимни фотографии од мобилниот телефон. 

Сето ова траело од 2011 години, се додека едно од девојчињата не решило се да раскаже на своите родители, по што случајот бил пријавен во полиција. За натсанот набрзо потврдиле уште две ученички, по што професорот бил уапсен.

30.03.2014 - 11:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега