Кајмакоски: Што поскоро сакам да станам татко

Македонската гордост, побеникот на првото регионално издание на Икс-Фактор, Даниел Кајмакоски, за српскитемедиумија откри и својата романтична страна.

Талентиранот стружанец во гостувањето на радиото „Накси“ откри дека сака да стане татко.

- Порано постојано мечтаев да бидам млад татко, и децата да ме паметат како таков. До сега не се оженив, но не се оптоварувам со тоа. Мислам дека ништо не треба да се случува со сила. Тоа ќе се случи кога ќе се случи. Продолжувам да ја барам мојата голема љубов и сакам што побргу да станам татко, бидејќи ги сакам децата. А и децата ме сакаат мене, вели Кајмакоски.

Победникот на Икс-Фактор открива и дека освен пеењето, го обожува и танцувањето.

- Знам сè, од ора до модерни танци. На Балканот те гледаат со чудење ако навечер во ресторан или клуб почнеш да танцуваш. Во Виена сите играат, и мажи и жени, посочил Даниел за време на гостувањето.

30.03.2014 - 10:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега