На полноќ завршува увидот во Избирачкиот список за парламентарните избори

 

На полноќ завршува јавниот увид во Избирачкиот список за предвремените парламентарни избори и за пријавување за гласање на македонските државјани што работат и престојуваат во странство. 

Електронски, преку веб-страната на ДИК, увид во Избирачкиот список до петокот направиле 27.000 граѓани.   

Најдоцна на 4 април ДИК избирачкиот список го доставува до политичките партии, кои имаат рок од пет дена до Комисијата да достават барања за запишување, дополнување и бришење на податоци. ДИК треба да го потпише заклучениот Избирачкиот список најдоцна до 17 април.

Кампањата за предвремените парламентарни избори започнува на 5 април, а поради првиот круг од претседателските избори ќе биде прекината на 12 и на 13 април. Ова се трети предвремени парламентарни избори во Македонија и ќе се одржат на 27 април, на вториот круг од изборите за шеф на државата.

30.03.2014 - 10:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега