Уште еден хорор го потресе светот: Девојче каменувано до смрт зошто си направило Фејсбук

Нов ужас го потресе светот. Девојче од Сирија било каменувано до смрт бидејќи си отворило профил на социјалната мрежа Фејсбук.

Како што пренесуваат странските медиуми, се работи за малата Фатум Ал Јасем која шеријатскиот суд во сирискиот град Ал Рекаи ја осудил на смрт бидејќи отварањето Фејсбук профил било неморално однесување.

Девојчето било приведено од сириски милитанти од групацијата ИСИС, чија бруталност е поекстремна од онаа на Ал Каеда. Тие сметаат дека оние кои ќе отворат профили на социјалните мрежи заслужуваат иста казна како и прељубниците.

29.03.2014 - 11:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега