Македонската гордост Даниел Кајмакоски денеска пристигнува во Скопје

Победникот на регионалното музичко шоу „Х-Фактор“, нашиот Даниел Кајмакоски, денеска пристигнува во Скопје.

Според последните информации, Даниел  во 15 часот ќе слета на скопскиот аеродром „Александар Велики“. Таму се очекува да го пречекаат бројните македонски фанови кои му беа силна поддршка за време на музичкото шоу, на кое ги освои симпатиите на целиот Балкан.

Македонецот Даниел Кајмакоски во неделата го освои првото место на регионалното музичко шоу „Х-Фактор“. Стружанецот ги освои срцата на балканската публика и уште од првиот момент беше фаворит.

29.03.2014 - 10:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега