Дванаесет години оди со ваква убавица а се уште не ја запознал со татка си!
Славниот шпански заводник, Енрике Инглезиас, кој цели 12 години е во врска со убавата Ана Курникова, иако се толку долго време се заедно, се уште ја нема запознаено со својот татко, славниот пејач Хулио Инглезиас.
- Знаете морам да ја кажам вистината. Никогаш не сум ја запознал девојката на мојот син, иако мојата сопруга и деца ја запознаа, вели таткото на пејачот.
Таткото на Енрике додава дека многу ретко се гледа со синот, па затоа и ја нема запознаено Курникова, но додава дека е прекрасна и дека неговите деца навистина имаат одличен вкус.
28.03.2014 - 14:07
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа