ЕУ бара Грција да врати 136 милиони евра

Европската Унија побара од Грција да врати 136 милиони евра, кои на име државна помош земјата и ги доделила на металуршката компанија „Ларко“ во периодот од 2004 до 2011 година.

ЕУ лани започна истрага во врска со исплатата на државна помош во Грција. поради сомневањата дека со доделените субвенции на „Ларко“ биле прекршени европските правила за конкурентност. - Истрагата покажа дека ниту еден инвеститор не би бил заинтересиран за вложување во „Ларко“ без доделената државна помош, се наведува во извештајот на истражните органи, при што се дополнува дека Грција дури не ги ни доставила бараните планови  за тоа како ќе го решава проблемот со оваа компанија-загубар.

 

28.03.2014 - 13:25
Фото: 
Кајгана

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега