Поради силување на 16 малолетнички е осуден на смрт

 

Кинезот Ванг Јинг денеска е осуден на смртна казна поради силување на 16 малолетнички, од кои неколку ги запознал преку Интернет, претставувајќи им се како малолетна девојка, јави кинеската новинска агенција Ксинхуа.

Ванг Јинг (40) уапсен е во 2012 година во провинцијата Анхуи и обвинет е за силување на девојчиња на возраст од 12 до 16 години. Тој ги силувал девојчињата од почетокот на 2009 до 2012 година.

Невработениот Ванг се претставувал како женско на социјалните мрежи за да се спријатели со девојчињата, а потоа ги молел да се сретнат. Жртвите ги водел во хотел, каде ги силувал.

На почетокот од месецот судот ја осуди неговата соучесничка, исто така малолетничка, на три години затвор. Таа тврдеше дека Ванг ја принудил да бара девојчиња за него. 

27.03.2014 - 17:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега