Фетел: Звукот на моторите е исто како секс!

Шампионот на Формула 1 Себастијан Фетел изјави дека е запрепастен од звукот на новите V6 1,6 литарски мотори кои излегоаа оваа сезона. 

-Звукот е с***е. Бев на стартната позиција во текот на трката и беше потивко отколку во некое кафуле. За навивачите тоа не е добро. Мислам дека Формула 1 мора да биде спектакуларна, а звукот е една од најважните работи, изјави Фетел 

Шампионот исто така се потсетил кога бил дете кога присуствувал на трките.

- Се сеќавам кога имав шест години одев да ги гледам слободните тренинзи, а најмногу на што и денеска се сеќавам е звукот. Се сеќавам дека звукот толку беше силен што можеше да се почувствува тресење на тлото под нозете. Штета што повеќе го нема тоа, изјави шампионот во Формула 1.

27.03.2014 - 14:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега