Урош од Доктори: Кога испаднавме од шоуто како некој да ме удри по глава!

 

Урош од групата Доктори на Кристина Ковач се отвори и за српскиот Курир раскажа како се почуствувал кога неговата група го напуштила шоуто.

- Да бидам искрен се разочарав што излеговме од шоуто. Заслуживме да влеземе во топ три по сите критериуми. Когани рекоа дека го напуштаме шоуто, како некој да ме удри по главата. Слушнав колкава поддршка имавме од публиката и знаев дека таму на сцената е нашето место, искрен е Урош.

За победата на Даниел, Туркулов вели дека му е многу драго и дека е заслужена бидејќи е компетентен пејач и одличен вокал. 

Вели дека периодов за време на траењето на шоуто имало и многу убави и многу лоши нешта, но дека нивната менторка Кристина Ковач им помогнала низ се што поминувале.

27.03.2014 - 09:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега