ВИДЕО: Панчо и Андреј од ДНК со поддршка за Иванов

Ѓорге Иванов се залага за музиката во Македонија, онаа заложба која ја направи за македонската музика преку субвенции за спотови и дури отдели средства за класичната музика, кој и тој често ја слуша, како и за народната музика за која што досега никој не се залагал, да остане онаа традиционалната и етно музика која ја краси Македонија. Иванов се залага се сето тоа, посочи Панчо од бендот ДНК, кои вечерва беа дел од отвореното студио пред митингот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ во Струга

Панчо и Андреј рекоа дека Иванов е човек од народот за народот и дека токму затоа го поддржуваат.

-Тој е човек кој на мрен и разумен начин ги решава сите проблеми, рекоа Панчо и Андреј, додавајќи сека со уште еден претседателски мандат на Иванов, Македонија ќе биде многу поблиски до ЕУ и попозната земја во светот, додаде Панчо.

Момците од ДНК посочија и дека малдите се движечка сила на една држава, и дека по токму по младите се гелда колку е јака една партија

-ВМРО-ДПМНЕ има многу силна младина, ние сме дел од забавите на УМС на ВМРО-ДПМНЕ и таму има многу интелегенти и паметни малди луѓе, а подобра и поначината младина значи подобра иднина за нашата земја, рекоа момците од ДНК во отвореното студио пред минитингот на ВМРО-ДПМНЕ во Струга.

25.03.2014 - 23:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега