ВИДЕО: Хулиган се иживува на колата на мајка на болно дете

Душица Вукосављевиќ е жената која не сака да се жали ниту да бара од другите да ја водат нејзината битка. Молчи и се бори и како самохрана мајка се грижи за нејзиното тешко болно дете. 

„Немам многу, но го имам синот Стефан. Тој има само 15 години. Целосно зависи од мене затоа што болесдува од церебрална парализа“, зборува Душица и додава дека нејзиниот син е слеп и има активна епилепсија со постојани напади. 

Поради грешка на лекарите детето остабало без третина од мозокот. Мајката одбила да прекине да се бори за него. Се задолжила и го откупила автомобилот од комшиите кој исто така има дете со инвалидитет. Тогаш настанале проблемите. 

„Минатата година, на крајот од месец јуни, приметила дека и е оштетена колата. Возилото има инвалидска налепница, и просто не можев да верувам“, вели Душица. 

Тогаш забележала и дека на возилото е истурено мрсна боја, извадена задната таблица на регистрација, со спреј е офарбано целото возило. Доаѓала полицијата, фотографирала, направила и записник, но инцидентите продолжувале да се редат. Во очај, Душица се решила повторно да се задолжи. Купила камера и решила да дознае кој и го прави тоа на нејзиното возило. Го фатила насилникот на дело. Тој се доближил до возилото со десната нога го „лансираше“ ретровизорот. 

 

 

25.03.2014 - 17:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега