ФОТО: И Зоолошката Градина се разубави со рози

Во рамки на големата еколошка акција за засадување бели рози на јавните површини насловена „Македонија земја на цвеќето - Земја на розата“ денеска беа засадени 300 рози и тоа во зеленилото во Зоолошката градина, во дворот на ученичкиот дом „Здравко Цветковски“ и пред средното училиште „Јосип Броз Тито“. На секоја локација беа засадени 100 рози.

Акцијата за засадување рози, соопштија од Град Скопје, продолжува и во наредните денови, на повеќе места во градот Скопје, како и на целата територија на Република Македонија. Розите ќе бидат засадени како дополнување на зеленилото по должината на булеварите, во парковите, на кружните текови и на други зелени јавни површини.

25.03.2014 - 13:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа