Заробен висок командант од военовоздухопловните сили на Украина

Вршителот на должност претседател на Украина Олександр Турчинов изјави денеска дека висок командант од военовоздухопловните сили е заробен, откако во базата на Крим упаднале проруски сили, и повика тој да биде ослободен.

 

Полковникот Јулиј Мамчур е командант на преземената авиобаза „Белбек“, која се наоѓа во близина на Севастопољ. Соопштено беше за еден ранет украински војник.

Луѓето, кои воспоставија контрола врз базата беа ознаки на униформите и не се знае дали се руски војници или проруски милиции.

Турчинов рече дека Мамчур е „киднапиран“ од тие сили, но не прецизира каде претпоставува дека го држат.

Виталиј Кличко денеска изјави дека руски војници го држат Мамчур во затвор во Севастопољ.

 

Руското Министерство за одбрана соопшти денеска дека руското знаме вее над 189 воени објекти во Крим, без да прецизира дали има објекти во Крим, без да прецизира дали има објекти кои се уште се под украинска контрола. 

23.03.2014 - 15:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега