Зошто врвот на СДСМ побегна од соочување со народот и СДСМ?

Непојавувањето на Заев и Шеќеринска на соочување со народот за експертите кои ги консултираше пресс24 е доказ дека се подготвуваат за пораз и внатрепартиската битка која ќе ги чека по изборите. оОткако денеска СДСМ официјално потврди дека тие нема да бидат носители на листи бидејќи и двајцата не сакаат да се соочат со Груевски во првата изборна единица, експертите велат дека врвот на СДСМ признал, дека не може да му се спротистават на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Познавачите велат дека не постои земја во светот каде опозицискиот лидер не влегува во трката за победа на избори. Кај нас ваквата небулозна пракса ја воведе Црвенковски во 2011, кога беше свесен за својот низок рејтинг.

СДСМ на конгресот кој предмалку започна ќе ги верификува кандидатските листи чии носители се целосно анонимни личности блиски до Бранко Црвенковски. Познавачите велат дека СДСМ со ова си ја отежнува позицијата бидејќи ова се личности кои јавноста не ги познава, немаат ниту едно дело, ниту проект за кој народот би им дал поддршка.

 

 

23.03.2014 - 14:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега