Од утре бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право

Во канцеларијата на Народниот правобранител од утре граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатна телефонска линија. Граѓаните можат да ги пријават неправилностите во изборниот период и на денот на гласањето на бројот 0800 54321.

 

- Народниот правобранител, правата на граѓаните ќе ги штити со преземање итни мерки за ефективно постапување од страна на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права, се вели во соопштението од Народниот правобранител.

Телефонската линија ќе функционира секој работен ден од  8 до 16 часот. По пријавите на граѓаните ќе се постапува веднаш, по примениот повик, или  снимената порака.

23.03.2014 - 12:26
Фото: 
дневник

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега