Ова се сите носители на листите на СДСМ - раководството го нема

Рената Десковска ќе ја предводи изборната листа на СДСМ во првата изборна единица. Како што дознава Press24 од свои извори на Бихаќка, зад неа во првата изборна единица ќе биде Софија Куновска, додека третото место е резервирано за лидерот на социјалдемократската младина Стефан Богоев. 
Во втората изборна единица, носител на листата на СДСМ ќе биде партискиот портпарол, Петре Шилегов. 
Третата изборна единица, како што веќе беше објавено ќе ја води пратеникот на СДСМ од Велес Марјанчо Николов. 

Во четвртата изборна единица како што веќе објави Press24 носител на листата на СДСМ ќе биде Хари Локвенец
Во петтата изборна единица носител на листата на СДСМ ќе биде претседателот на битолскиот огранок на партијата, Васко Ковачевски.
Во шестата изборна единица, дваесетте кандидати на СДСМ ќе ги води, пратеникот Стојко Пауновски.
Интересно е што во ниту една изборна единица како носители не се јавуваат луѓето од раководството на СДСМ. Го нема ниту лидерот Заев, ниту пак неговата заменичка Шеќеринска, а првите места не ги добија ниту четирите партиски потпретседатели, ниту пак Генералниот секретар.
Листите оицијално треба да бидат промовирани на Конгресот на СДСМ кој е закажан за во 14 часот.

23.03.2014 - 12:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега