Венето ќе се отцепи од Италија?

 

Граѓаните на Венеција и околните области гласаа по електронски пат за отцепување од остатокот на Италија и формирање сопствена држава, за што се изјасниле 89 отсто од гласачите.

Над два милиони жители на регионот Венето, учествуваа во целонеделното гласање, а 89 отсто од нив се изјаснија за независност на Италија.

Електронското гласање, кое го организираа локалните партии, не е законски обрзувачко, но има за цел да ја процени поддршката на повикот за распишување референдум.

На социјалната мрежа Твитер се разви остра дискусија меѓу поборниците за отцепување и Италијанците кои ова гласање со потценување го нарекуваат „тотална лудост“.

Приврзаниците за отцепување велат дека новата Република Венето била инспирана од старата Млетачка Република, економски, тргосвски и културно богата сила, која постоела од седмиот век до падот под власт на Наполеон во 1797 година.

Резултатот од гласањето е објавено во Падова, каде неколку стотици активисти за отцепување славеа и вееја знамиња на Млетачката Република.

22.03.2014 - 11:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега