Народниот правобранител апелира: Да не се злоупотребуваат децата во партиско-политички цели
Народниот правобранител Иџет Мемети денескаво пресрет на кампањата за претседателските и предвремените парламентарни избори, упати апел до сите учесници во изборниот процес за неопходната потреба за водење сметка за најдобриот интерес на детето, да не се вклучуваат деца во изборните кампањи.
- Апелот го упатувам со цел да не се повторуваат случаите од минатите изборни циклуси во кои децата беа користени во политички настани, спотови и билборди. Исто така, потсетувам дека злоупотребата на децата за политички цели се смета за кршење на нивните слободи и права, а со тоа и прекршување на сите меѓународни и домашни правила за заштита на правата на детето, се вели во соопштението од народниот правобранител.
Мемети ги повикува и медиумите да се приклучат кон овој апел, со цел одбегнување на можните злоупотреби на децата за политички цели.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа