Убиецот на манекенката Червенко: Не можам да ја погледанам во очи мајката на Владислава

27- годишниот Даријан Мишиќ кој пред Високиот суд во Нови Сад почна повторно судењето за убиството на манекенката Владислава Червенко, изјавил пред судот со солзи во очите дека психички и емотивно се чувствува многу лошо поради тоа што е повикан психијатер.

- Физички ништо не ми недостасува, но емотивно и психички се чуствувам многу лошо и не сум во состојба да ја изнесам пред судот мојата одбрана, изјавил Мишиќ кој во судот дошол убаво облечен.

Судијата поради тоа направила 10 минутна пауза како би се смирил тужениот. Но по паузата, Мишиќ во судницата почнал да се тресе и плаче. Судијата го прашала зошто така се однесува, тој одговорил:

- Не можам да ја изнесам мојата одбрана бидејќи не можам во очи да ја погледнам мајката на Владислава. Кога почнавме да се забавуваме јас и Владислава, и на нејзината мајка и реков дека керката ја родила за мене, а јас ја убив, изјави низ солзи. Мајката на Владислава денеска не се појави во сидницата, Даријан само мафтал со главата во судницата „ Не можам, не можам“., и поради тоа е повикан психијатар.

Да ве потсетиме, Даријан Мишиќ во првостепената одлука беше осуден на 35 години затвор, но  Апелациониот суд ја поништи таа пресуда од процедурални причини, и таа одлука донесе негодување во семејството на убиената. 

 

 

 

21.03.2014 - 12:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа