Станија и го украде дечкото на Сораја
Српските старлети Сораја и Станија во војна поради бизнисменот Драгољуб. Сораја пред неколку месеци е уловена како разменува бакнежи со Драгољуб после заедничката вечера. Врската траела толку долго, колку само да се дознае, а потоа старлетата го шутнала бизнисменот бидејќи не и кажал дека е во брак. Па по неуспешната врска со Сораја се обидел да најде утеха во Станија.
Станија и Драгољуб се видени како излегуваат од ресторан, а потоа влегуваат во автомобил. Иако постојат очигледни докази дека старлетата и бизнисменот се познаваат, тој тврди дека никогаш во животот не ја видел и додава дека не сака да го поврзуваат со Станија бидејќи има семејство.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа