Виза и Мастеркард ги блокираа Русите

 

Американската компанија за банковни картички Виза и Мастеркард ги прекинаа, без претходна најава своите услуги на клиентите на повеќе руски банки. Одлуката уследи по објавата на Вашингтон да воведе санкции на Русија поради Крим, соопштија руските банки кој беа погодени од ваквата мерка. 

Банката на Русија која е погодена од американските санкции, соопшти денеска дека Виза и Мастеркард, без предупредување престанале да го даваат својот сервис со плаќањето на клиентите на баките. Нејзината сестринска банка Собинбанк е исто така погодена. Банката на СМП која ја контролираат браќата Аркади и Борис Ротенберг, чии имиња се додадени на списокот за санкции, објавија исто така дека се блокирани трансакциите на нивните клиенти кои имаат кредитни картички Виза и Мастеркард.  

Конкретно клиените нема да можат да подигаат пари од своите картички освен во банкоматите на овие банки, или партнерските банки и повеќе нема да можат со нив да купуваат. 

 

21.03.2014 - 12:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега