Медведев: Украина треба да и врати на Русија 16 милијарди долари
Премиерот на Русија Дмитриј Медведев денеска на состанокот со претседателот Владимир Путин изјави дека Украина треба да и врати на Русија 16 милијарди долари бидејќи е неважечки Договорот од Харков, според кој Москва ја снабдуваше Украина со поевтин гас.
Тој изјави дека договорот според кој Русија требаше да испорачува поевтин гас во замена за користење на базата во Севастопољ на Крим е „поништен“, со што на Русија и дава законско право да бара пари назад од Украина.
Москва и Киев на 21 април 2010 година го потпишаа Договорот од Харков, според кој наемот за базата за флотата е продолжен за 25 години. Поголемиот дел од Црноморската флота е стациониран во пристаништето Севастопољ на Крим врз основа на тој договор.
Медведев истакна дека покрај долгот од 11 милијарди долари за наемот на поморската база, Украина на Русија и должи и три милијарди долари за неодамнешниот заем и околу две милијарди долари на рускиот концерн „Гаспром“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа