Делчевчанец наместо да застане прегазил полицаец и побегнал

Делчевчанец прегазил полицаец со својот автомобил. При акција за откривање на нелегален промет на цигари, полициски службеници запреле возило, но наместо да застане, возачот ја зголемил брзината и го прегазил едниот од полициските службеници, кој се здобил со лесни телесни повреди.

ПО кратко време полицијата го пронашла возилото со кое управувал С.Н. кој ќе си заработи соодветна кривична пријава за делото кое го направил.

21.03.2014 - 11:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега