Македонија го одбележува Светскиот ден на поезијата

Македонскиот ПЕН центар, Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје, издавачки куќи, поети... повеќе македонски институции денеска ќе го одбележат 21 Март - Светскиот ден на поезијата.

Во НУБ „Св. Климент Охридски“ ќе се одржи традиционалното поетско пладне на кое свои стихови ќе читаат повеќе поети, додека ПЕН центарот ќе ги одбележи и јубилеите на своите членови Матеја Матевски, Влада Урошевиќ, Али Алиу, Богомил Ѓузел, Трајан Петровски и Паскал Гилевски. Во Културниот центар „Феникс“ ќе се одржи Вечер на новата македонска поезија. Воведна реч за поезијата, односно на тема „Арс поетика“ ќе има Јовица Тасевски - Етернијан, а потоа ќе настапат поголем број автори - претставници на најновиот поетски бран во Република Македонија. Поетската вечер ќе биде збогатена со изложба на поетски книги од македонски автори, изданија на „Феникс“, кои ќе се продаваат по симболични цени од 50 до 150 денари.

Исто така, клубот Матица со викенд на вино и поезија ќе го одбележи Светскиот ден на поезијата. Во Градскиот трговски центар во Скопје поетесите Александра Велинова, Ирена Ристевска и македонскиот поет и писател Ѓорги Барбаровски, како и актерката Весна Петрушевска ќе се приклучат во одбележувањето на Светскиот ден на поезијата. Тие ќе им потпишуваат книги на посетителите на овој настан.

21.03.2014 - 10:28
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега