Паркот на ветерни електрани „Богданци“ во финална фаза од изградбата

Паркот на ветерни електрани „Богданци“ влегува во својата финална фаза од изградбата. На терен веќе се подигнати и целосно комплетирани сите 16 ветерници, а во моментов течат активностите за поврзување на ветерниот парк со електропреносната мрежа на МЕПСО.

Поради приклучување на паркот на ветерни електрани утрово од 5 до 7 часот без електрична енергија беа населените места во општините Гевгелија, Валандово, Дојран и Богданци. 

Целосно веќе е завршена изведбатата на потребната инфаструктура и придружни објекти за ветропаркот, изградена е патната инфраструктура, приклучени се далеководот, командната зграда и 20/110 киловолтната трафостаница. Останува да се реализира асфалтирањето  на пристапниот пат и активностите за хортикултурно уредување на просторот околу ветерниците.

ПВЕ „Богданци“ со 16 ветерни електрани  распространети на 29 хектари  се очекува да испорачува најмалку 100 гигават часови природно одржлива енергија, што на годишно ниво е доволно за снабдување на домаќинствата на 60.000 граѓани. Истовремено тие ќе ја зголемат инстралирана моќност на АД ЕЛЕМ за 36,8 мегавати, како и учеството на обновливите извори во нејзиното производството.

Реализицијата на овој проект чини 55,5 милиони евра, од кои 47,9 милиони евра се заем од Владата на Сојузна Република Германија преку КФВ банката, додека 7,6 милиони евра обезбеди АД ЕЛЕМ од сопствени средства.

21.03.2014 - 10:12
Фото: 
Фактор.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа