Автобусот нагло закочил, патник паднал и се повредил - осум сообраќајки во Скопје

 

Во текот на изминатото деноноќие на улиците низ Скопје се случиле вкупно осум сообраќајни незгоди од кои пет незгоди се со последица материјална штета и две со последица телесна повреда. Со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило и еден пешак.

Патник се здобил со тешки телесни повреди во незгодата што се случила во 17 часот и 10 минути на ул. „Цветан Димов“ во автобус на ЈСП „Скопје“, кога при нагло сопирање на автобусот патникот паднал.

Сообраќајната полиција постојано демне на улиците. Во текот на вчерашниот ден откри и санкционира 71 пешак. Санкционирани се и 11 возачи на мопеди и мотоцикли коишто сториле прекршок по различни основи, пет возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење и четворица возачи кои го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

За викендов има најава за одржување на два меѓународни ракометни натпревари во рамките на Лигата на шампионите. Едниот е во сабота, на 22 март, со почеток во 18 часот во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ помеѓу екипите на Вардар и Хамбург и вториот, во недела, 23 март, со почеток во 16 часот и 50 минути во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ помеѓу екипите на Металург и Холдинг. За време на одигрување на овие два натпревари од стана на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за уредно и безбедно одвивање на сообраќајот.

21.03.2014 - 10:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега