Ермира Мехмети против Груевски во Скопје - ДУИ ги утврди носителите на изборните листи

 

Ермира Мехмети ќе биде носител на пратеничката листа на ДУИ во првата изборна единица, јавува теелвизијата Алсат М. СПоред информациите објавени таму, зад неа ќе се најде Рафиз Алити. Ахмети стандардно довербата ќе ја бара во шестата изборна единица а зад него ќе биде Хазби Лика. Третото место во шестката е резервирано за женски кандидат кој се уште не е утврден, додека четврти ипетти се Талат Џафери и Џевад Адеми. Двојката ќе ја води Реџаил Исмаили, втор е Шкодран Дардишта, трет Џемаили Мирван, а четврти Артан Груби. Во тројката носител ќе биде Беџахудин Шехапи, додека петката ќе ја предводи Муса Џафери, зад кого веднаш е и Рамиз Мерко.

 

20.03.2014 - 23:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега