Дарко Шариќ падна во рацете на полицијата благодарение на својата невенчана сопруга

Нјабараниот балкански нарко-бос Дарко Шариќ на српската полиција „падна“ благодарение на својата невенчана сопруга 33- годишната Лана Поповиќ. На Лана и биле прислушкувани телефонските разговори и така дознале кога и каде ќе пристигне Дарко Шариќ.

Но како што пишуваат српските медиуми  Американците наводно барале Дарко да добие статус на заштитен сведок во процесите против јужноамериканските нарко босови но тоа властите на Србија го одбиле инсистирајќи да му се суди родната земја.

Изворот открива дека самиот Шариќ барал да се предаде на српските власти не сакајќи да ја загрози безбедноста на семејството со евентуалниот статус сведок-соработник, оставајќи ги со тоа своите најблиски на милост и немилост на суровите и осветољубиви латиноамерикански картели.

 

20.03.2014 - 15:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега