ВИДЕО: Погледнете ја полициската акција во која падна началник на македонското МВР
Двајца инспектори вчера вечерта се уапсени во скопски Чаир под сомнение за примање поткуп. Како што веќе дозна Пресс24, началник во МВР е третиот уапсен во големата полициска акција.
Според податоците од полицијата, министерството за внатрешни работи расчисти и документираше коруптивно кривично дело “примање поткуп“ сторено од страна на тројца полициски службеници на возраст од 33 до 40 години, вработени во СВР Скопје, од кои двајца како инспектори додека третиот пријавен е вработен како Началник, односно нивен претпоставен. пријавените, во својство на полициски службеници во периодот од 26 минатиот месец до 19 овој месец со намера да се стекнат со противправна имотна корист за себе, постапувајки во рамките на своите службени овластувања по однос на случено кривично дело – “убиство“ на 26.02. годинава во Скопје, извршено над лицето Ибраим И., директно и индиректно побарале, а на вчера (19.03.) и примиле поткуп во вредност од 2.000 евра во апоени од 4 х 500 евра за да извршат службено дејствие што морале да го извршат (да го известат Јавниот обвинител со поднесок од преземените мерки од кривично правниот настан случен на ден 26.02. и пореметување на лице местото каде што е извршено убиството). Поткупот го примиле од оштетениот кој во текот на вчерашниот ден им ги исплатил парите во непосредна близина на Полициска станица “Гази Баба“.
Целиот случај започнал уште на 26.02., кога оштетениот во конкретниот случај, инаку близок роднина на убиениот Исмаили И., од лице место подигнал предмети на убиениот (пиштол), со што го пореметил лице местото на кое требало да биде извршен увид. Иако за ваквото негово дејствие бил поднесен Посебен извештај до надлежниот Јавен обвинител, осомничените почнале да го бараат и да му се закануваат дека ќе му поднесат и кривична пријава доколку не им исплати поголема сума на пари.
Пред десетина дена оштетениот, одлучува да го пријави случајот во полиција по што се преземаат сите неопходни мерки за докажување на делото, вклучувајќи и техничка обработка на парите кои требале да бидат исплатени. Вчера, двајцата пријавени инспектори од оштетениот на средба во населбата Автокоманда ги примија крим-технички обработените парични средства, 4 (четири) банкноти во апоени од по 500 Евра по што со патничко моторно возило марка “Ауди А/4“, сопственост на еден од нив се упатиле во населбата Чаир во Скопје на ул. “Цветан Димов“ каде во правното лице ЛЕДИ КОМ ГРУП овластен преставник на WESTERN UNION направиле обид за раситнување, односно замена на банкнотите со горенаведените сериски броеви за други банкноти во помали апоени а во иста вредност. При тоа во просториите на ЛЕДИ КОМ ГРУП двајцата се лишени од слобода и пронајдени се обработените банкноти.
ВИДЕО: Македонска полиција
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа