Порака до исчезнатиот малезиски авион: Тато врати се Ливерпул победува!

17- годишната Мајра Елизабет Нари е ќерка на главниот стујард во исчезнатиот амлезиски авион, таа на својот татко му испрати пораки преку својот Твитер профил 

- -Тато, Ливерпул победува. Врати се да го гледаш натпреварот! Ти никогаш не ги пропушташ натпреварите. Ова ти е прв пат, стои во пораката на ќерката на стјуардот.

Нејзината порака не помина незабележано, па од Ливерпул, преку својот официјален Твитер профил, и изразија поддршка.

„Сакаме да знаеш дека сме со тебе, дека мислиме на твојот татко и на сите останати патници од летот MH370. Биди силна!“, одговори Ливерпул.

 

 

20.03.2014 - 12:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа